Клоп: На Анчелоти не му е потребен мојот совет

Точка

26/11/2019

15:41

1.961

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јирген Клоп утре ќе го пречека италијански Наполи во рамките на 5-то коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Како што е познато, италијанскиот клуб минува низ тежок период поради конфликтите помеѓу играчите и управата на клубот.

Новинарите го запрашаа Клоп дали има некаков совет за Карло Анчелоти, Германецот порача дека токму на тренер како Анчелоти не би му бил потребен никаков совет.

„Ако постои некој тренер на кого не му е потребен совет, посебно од мене, тогаш тоа е Карло. Немам претстава што точно се има случено, но да сум играч, би направил се за да ја обединам групата“, изјави Јирген Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг