Ова е накитот кој беше украден во најголемиот грабеж некогаш: Објавени фотографии од колекцијата со непроценлива вредност

Точка

26/11/2019

14:23

3.298

Големина на фонт

а а а

Вчера наутро беше ограбен еден од најголемите европски музеи кој се наоѓа во Дрезден.

Крадците упаднале во музејот “Green Vault” и однеле, според извештаите на полицијата, три збирки накит со непроценлива вредност. 

Накитот датира од почетокот на 18-ти век и е изработен од дијаманти, рубини и смарагди, а сега се објавени и фотографии од колекцијата за која моментално никој не знае каде се наоѓа.

Снимките од безбедносните камери покажуваат двајца мажи како влегуваат во барокната резиденцијална палата преку прозорецот со решетки, а потоа ја кршат стаклената витрина и од неа ги земаат трите колекции и поединечни парчиња накит.

Директорката на музејот, Марион Акерман, изјавила дека се украдени дела со непроценлива вредност и дека истите е невозможно да се продадат на пазарот.

Вака изгледа накитот кој бил украден од музејот:





Спонзорирани линкови

Маркетинг