Невил со интересна теорија: Мурињо и Леви се споија само поради една причина!

Дерби

26/11/2019

11:27

1.484

Големина на фонт

а а а

Гери Невил даде безброј интересни изјави во отвореното понеделничко студио на „Скај Спортс“ во кое друштво традиционално му правеше Џејми Карагер, но сепак, најсилен впечаток остави со анализата која ја направи за најкоментираната тема во медиумите во изминативе денови.

Назначувањето на Жозе Мурињо за нов менаџер на Тотенхем предизвика позитивен фудбалски бран во Англија, а иако имаше измешани реакции околу прогнозите за успехот кој ќе го има Португалецот во Северен Лондон, убедливо најинтересната теорија ја даде легендарниот бек на Јунајтед. Гери стави посебен акцент на фактот што во дадениот случај газдата Леви кој важи за тежок преговарач исклучително лесно го ангажираше Мурињо, а воедно и го назначи за нов менаџер само неколку часа по отказното решение кое го доби Покетино.

– Ако некој ми кажеше дека Леви ќе ангажира менаџер како Мурињо и дека токму Жозе ќе стои до него, ќе му кажев дека тоа нема да го видиме во наредните милион години. За мене, ова е како мост меѓу Леви и Мурињо. Жозе мораше и сакаше да се врати во Премиер лигата за да го врати својот познат статус. Според мене, ова е еден вид на брак на убедувања. Мислам дека двајцата се користат еден со друг. Се работи за ситуација во која Жозе сака да се врати во елитата со трофеј, додека на Леви му е потребен Мурињо за да ги задржи играчите кои ги има. Двајцата се заштитија со овој чекор и се споија зошто обострано си требаат, – потенцира Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг