Вака се одиграл најголемиот музејски грабеж во историјата: Прво снемало струја, а потоа крадците влегле низ прозор

Точка

25/11/2019

21:14

7.345

Големина на фонт

а а а

Германската полиција потврдила денес утрово дека била ограбена Зелената ризница во Музејот во Дрезден и прецизирала дека крадците украле три збирки на накит од непроценлива вредност од почетокот на 18-тиот век, изработени од дијаманти, рубини и смарагди.

Снимките од безбедносните камери покажуваат двајца мажи кои низ прозорот со решетки упаѓаат во Зелената ризница во барокната резиденцијална палата во Дрезден. Потоа се гледа како ја кршат стаклената витрина и од неа земаат три колекции или поединечни парчиња. 

Директорката на музејот Марион Акерман вели дека се украдени дела од непроценлива вредност и дека е невозможно да се продадат на пазарот, пренесува "Reuters".

"Зборуваме за предмети немерливи според културната вредност. Тоа е речиси светско културно наследство. На ниедно друго место нема колекција на накит во таа форма, квалитет и квантитет", рекол нејзиниот колега Дирк Синдрам.

Во музејот во околу пет часот наутро дошло до прекин во снабдувањето на електричната енергија, а крадците влегле во музејот најверојатно низ прозор, соопштила полицијата и навела дека извршителите се уште се во бегство.

Соопштено е дека музејот бил заштитен со невидлив безбедносен систем, како и дека е можно крадците да имале информации од внатре.

Овој грабеж по вредноста на украденото богатство е најголем во историјата, преминувајќи го нерешениот грабеж во Гарднер Музејот во Бостон пред 30 години, кога биле украдени 13 уметнички дела во вредност од 500 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг