Кејн: Мурињо е докажан победник

Точка

25/11/2019

15:55

1.836

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн е уверен дека Спарси со Жозе Мурињо би можеле конечно да освојат некој трофеј.

Мурињо минатата среда беше претставен како нов тренер на Тотенхем, а на клупата на лондонскиот клуб дебитираше со победа над Вест Хем (3:2).

„И јас на сите јасно им дадов до знаење дека сум во фаза на кариера во која сакам трофеи. Реално, мораме да се фокусираме на Лигата на шампионите и ФА Купот“, изјави Хари Кејн.

Капитенот на лондонскиот клуб откри дека сите играчи биле шокирани кога им било соопштено дека Маурисио Покетино си заминува.

„Го посетив и разговаравме неколку часа. Секако, за сите нас беше шок тоа што се случи во вторникот. Одеднаш добивме нов тренер. Моравме брзо да се прилагодиме“, изјави Хари Кејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг