Еден од првите луѓе на Наполи „уловен“ во разговор со Алегри

Дерби

25/11/2019

12:44

1.133

Големина на фонт

а а а

Речиси сите инволвирани во фудбалскиот клуб Наполи во моментов минуваат еден турбулентен период.

Од ден на ден се пишува за некој нов скандал, а сега на повидок почнаа да излегуваат и казните кои играчите ќе ги плаќаат за своето непримерно однесување.

Некои медиуми во Италија сега објавија нова информација поврзана со овој клуб. Имено на средбата помеѓу Милан и Наполи, еден од првите лица задолжени за односи со јавност на клубот од Неапол, Гуидо Баларди бил забележан во друштво на Макс Алегри.

Двајцата имале плоден разговор, но се уште не е познато дали тоа има врска со наводен следен ангажман на Алегри во Наполи.

Од поодамна е јасно дека работата на Карло Анчелоти во италијанскиот клуб во моментов не е најсигурна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг