Кејн обелодени што му порачал на Жозе при првиот разговор: Му испратив јасна порака на Мурињо

Дерби

25/11/2019

11:57

984

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми излегоа со инсајдерска информација дека Жозе Мурињо побарал трансфер гаранција од газдата Леви за задржување на Хари Кејн како прва ѕвезда на тимот пред да потпише договор со Тотенхем, а откако и самиот стручњак порача деак напаѓачот ќе биде една од клучните алки во неговиот тим, со нетрпение се очекуваше првата изјава на самиот голгетер.

Англискиот репрезентативец е убедливо најдобриот напаѓач на „петлите“ со години наназад, па со оглед на тоа што сега има репутација на еден од најдобрите и најубиствените голгетери во Европа, вели дека се наоѓа во фаза од кариерата кога треба да размислува на освојување трофеи. Кејн и натаму се гледа себеси во Тотенхем, а како што вели самиот, на Жозе му испратил јасна порака дека сака да освојува титули под негово водство, и ако е можно, уште оваа сезона.

– Новиот шеф освојуваше титули во секој клуб, тоа никој не може да го демантира. Мурињо сака да победува, тој е докажан победник. Му ставив јасно до знаење и му испратив порака дека сум во фаза во кариерата кога сакам да освојувам трофеи. Го кажав тоа јасно, сакам да освојам трофеј тука и мислам дека ова може да биде голема сезона за нас. Реално гледано, ни остануваат Лигата на шампионите и ФА купот, ќе се обидеме да стигнеме до трофеј. Јас ќе продолажам да го правам она што го правам секогаш, да се борам на теренот за овој клуб. Кога човек со таква репутација пристигнува во клубот, самодовербата расте и мислам дека можеме да имаме голема верба како тим, – изјави Кејн за „Би-Би-Си“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг