Гризман откри каков напредок забележал во односот со Меси и Суарез

Дерби

25/11/2019

11:56

827

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман призна дека секогаш имал проблеми да се аклиматизира во една нова средина и таквиот процес оди побавно за него, од едноставна причина што себеси се опишува како прилично срамежлива личност која најчесто чека друг да преземе иницијатива.

Поради таквиот однос, шпанските медиуми веќе подолго време зборуваат за негова доста ладна релација со Лионел Меси и Луис Суарез, играчите со кои всушност треба најмногу да се зближи, од едноставна причина што имаат многу заеднички работи на теренот. Реално гледано, трите страни треба да направат напор за зближување и креирање на еден пријателски однос, но Гризман сега пред натпреварот во Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд открива дека забележал доста голем напредок во последно време.

– Јас сум реално многу срамежлив и имам проблем да разговарам со другите. Не сум тип кој ќе започне конверзација, премногу сум срамежлив. Јас, Луис и Лео веќе се познаваме и можам да кажам дека веќе вечераме заедно. Нашиот однос може само да има прогрес со текот на времето. Тоа што ќе се случи на теренот, може само да ни помогне да се запознаеме подобро и да се чувствуваме покомотно еден крај друг, – порачува Французинот во интервјуто за официјалната страна на УЕФА во кое додава.

– Меси е нешто посебно, тоа е играч каков што нема да видиме во наредните 40 години. Можеме само да уживаме, вистински деликатес е да се биде негов соиграч и одблиску да се гледа што прави на теренот, – завршува Гризман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг