Ограбен познат историски музеј во Германија: Крадците однеле богатство вредно речиси една милијарда евра

Точка

25/11/2019

14:14

4.344

Големина на фонт

а а а

Крадци рано наутро упаднале во музеј во Дрезден и украле богатство вредно речиси една милијарда евра, пишува германскиот весник “Bild”.

Засега е познато дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност од старт е проценета на речиси милијарда евра. Грабежот се случил во историскиот музеј “Green Vault” во Дрезден, кој инаку ја содржи најголемата колекција на богатство од сите музеи во Европа. 

Според неофицијални податоци, групата крадци најпрвин ја исклучиле електричната енергија пред да влезат внатре. Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција која засега не дала никакви информации во врска со грабежот.

Во “Grеen Vault” се чува една од најголемите колекции на накит, а според зборовите на полицијата, крадците упаднале во историскиот дел од музејот кој се состои од два дела и во кој се чува богатство од периодот на Фредерик Августус Втори до 1733 година и нов оддел во кој се чуваат богатства на поединци.

Засега не е објавено што точно е однесено од колекцијата, пренесува “Deutsche Welle”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг