Мурињо им се извинил на навивачите на Тотенхем

Макфакс

25/11/2019

10:32

1.318

Големина на фонт

а а а

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо, забележа победа на дебито на клупата на Спарс. Во малото лондонско дерби Тотенхем кај Вест Хем славеа со 3.2.

Португалецот по натпреварот во преден план ги ставил играчите, додека некои навивачи му замериле што не дошол да ги поздрави.

„По мечот не отидов да ги поздравам навивачите сметајќи дека победата ја остварија навивачите, а не јас. Тие го заслужија тој кредит. Им се извинувам на навивачите што не ги поздравив“, рекол Мурињо.

Португалецот предизвикал различни реакции кај навивачите на Тотенхем на социјалните мрежи, каде може да се прочита дека тој е генијалец, а исто така и глумец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг