Медиумите во Италија ги открија составите за дербито: Елмас стартер против Милан

Дерби

23/11/2019

13:19

1.449

Големина на фонт

а а а

Денеска од 18:00 часот на стадионот „Сан Паоло“ ќе се сретнат екипите на Наполи и Милан во дерби на двете „ранети“ екипи оваа сезона.

И Наполи и Милан во новата сезона влегоа со многу поголеми амбиции, но по турбулентниот старт не се наоѓаат на посакуваните позиции.

Наполи е далеку од првата позиција на табелата, додека Милан е далеку од Топ 4, па може да се каже дека оваа дерби пресметка дојде во најлош период за нив.

Она што е интересно за нас е тоа што медиумите во Италија најавуваат дека Елиф Елмас ќе биде стартер на овој натпревар и ќе биде дел од четворката во средниот ред која ќе ја сочинуваати Зјелински, Фабијан Руиз и Алан.

Се очекува за прв пат оваа сезона Елмас да игра на крилната позиција каде што игра редовно за репрезентацијата на Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг