Силвио Берлускони заврши во болница - паднал додека правел селфи на конгресот на ЕПП во Загреб

Точка

22/11/2019

21:20

5.587

Големина на фонт

а а а

Во последниов период познато е дека има здравствени проблеми. Има направено и операција на срцето во 2016-та година, а оваа година е опериран двапати. Сега паднал на конгресот во салата во Загреб.

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони хоспитализиран е откако во салата на конгресот во Загреб паднал, пишуваат од италијанските медиуми.

Лидерот на италијанската партија Форца Италија на барање на некој свој фан правел селфи фотографија, а потоа паднал и се здобил со повреди.

Неколку денови би требало да ги помине во болницата “La Madonnina“ во Милано поради прегледи, пишуваат медиумите.

Извори од партијата на Берлускони, Форца Италија велат дека политичкиот ветеран не претрпел сериозни повреди.

„Не му е сршен колкот, клучната коска, потколеницата или пак другите коски“ - навеле изворите.

Политичката кариера на трикратниот италијански премиер и медиумски тајкун била проследена со обвиненија за корупција и секс скандали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг