Милан на Ибрахимовиќ му нуди шест милиони евра за 18 месеци

Точка

22/11/2019

15:45

1.611

Големина на фонт

а а а

Италијански „Газета дело спорт“ пренесува дека од управата на Милан веќе му понудиле договор на Златан Ибрахимовиќ.

Откако и самиот потврди дека го напушта Лос Анџелес Галакси, досега Златан Ибрахимовиќ се поврзуваше со неколку клубови од италијанска Серија А.

Наводно еден од најзаинтересираните клубови е Милан, а од управата на „Росоњерите“ на Швеѓанецот со босанско потекло наводно му понудиле шест милиони евра за договор кој би траел 18 месеци.

Претходно се шпекулираше дека Ибрахимовиќ побарал милион евра по сезона, меѓутоа се уште не е јасно каква е неговата одлука. Наводно Ибрахимовиќ му рекол на спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан дека ќе ја донесе одлуката во следните неколку седмици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг