Доктор херој: Му го спасил животот на патникот кој се борел за живот во авионот во текот на летот

Точка

22/11/2019

14:40

1.889

Големина на фонт

а а а

Храбриот кинески доктор покажал што значи почитување на Хипократовата заклетва кога го спасил животот на постариот патник така што отстранил 800 милилитри урина од чивековата бешика и со тоа спречил тој орган да пукне.

Како што пренесуваат од “ladbible.com“, сè се случило во текот на летот Гванжу-Њујорк во авио компанијата „China Sadern Air“.

Шест часа пред слетувањето еден од патниците рекол дека се чувствува лошо. Го облеала ладна пот и се пожалил дека не може да мокри.

Посадата на авионот ги прашала патниците дали меѓу нив има некој кој што е доктор и во тој момент докторот Занг Хонг подигнал рака.

„Стомакот му беше надуен, не можеше да мирува и многу се потеше. Неговото семејство ми кажа дека има зголемена простата, па веднаш се посомневав дека тоа го предизвикува задржувањето на урината“ - изјавил доктор Жанг.

Тој тогаш сфатил дека пациентот мора да ја ослободи урината, во спротивно неговиот мочен меур ќе пукне.

Со оглед на тоа што немал потребни инструменти д-р Жанг направил импровизиран катетер од парчиња пластични цевки и ја извадил урината.

Со тоа му го спасил животот на несреќниот маж, но исто така заслужил да биде наречен херој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг