Немавме среќа во ждрепката: Ако се пласираме во финалето на плеј-офот одиме на гости кај Грузија или Белорусија

Дерби

22/11/2019

13:16

1.121

Големина на фонт

а а а

На денешната ждрепка во Нион беше одлучен и домаќинот на финалниот натпревар од плеј-офот во рамките на Лигата на нациите каде се натпреварува и нашата селекција.

Доколку Македонија слави во полуфиналниот натпревар против Косово кој се игра во Скопје, во финалето ќе го пречека подобриот од пресметката помеѓу Грузија и Белорусија, а денешната ждрепка покажа дека домаќин на наптреварот ќе биде победникот од полуфиналето број 1. кое го сочинуваат репрезентациите на Грузија и Белорусија.

Полуфиналниот натпревар против Косово ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март, а пет дена подоцна, на програмата ќе биде и финалниот натпревар кој ќе го одреди патникот на Европското првенство 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг