Откриен прошталниот текст: Покетино се збогувал од фудбалерите на Тотенхем со порака на таблата во соблекувалната

Дерби

22/11/2019

11:53

998

Големина на фонт

а а а

Маурисио Покетино во вторникот вечерта официјално беше отпуштен од страна на одговорните луѓе на Тотенхем и на тој начин се стави крај на една убава и незаборавна етапа која траеше пет и пол години.

Само неколку месеци по историското финале во Лигата на шампионите, аргентинскиот стручњак заработи отказ од газдата Леви, но што е уште позначајно, на клубот му требаа само неколку часа за да го објави името на неговиот наследник. Веќе сите знаеме дека тоа е Жозе Мурињо, за кого мора да се напомене дека имаше само пофални зборови за Покетино и во минатото, но и за време на првиот прес кој го одржа како менаџер на Тотенхем.

Португалскиот стручњак го испофали својот колега, а сега еден од помошниците на Покетино откри како всушност Маурисио се простил од своите играчи. Со оглед на тоа што се работеше за период кога добар дел од фудбалерите имаа репрезентативни обврски, Покетино не доби шанса доследно да се збогува од нив, па поради тоа, напиша порака на таблата на која обично ја црташе тактиката во соблекувалната.

– Големо Благодарам до сите вас! Не можевме да си кажеме збогум… но вие секогаш ќе бидете во нашите срца, – порача Покетино во име на целиот стручен штаб.




Спонзорирани линкови

Маркетинг