Меган е повторно бремена? Ја оддал еден потег кој го правела и за време на првата бременост, а парот веќе одбрал и име за бебето

Кармин

22/11/2019

11:48

6.355

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл по седум месеци од раѓањето на синот Арчи, наводно е повторно бремена. Како што пишуваат британските и американските медиуми, таа и принцот Хари овој пат ќе добијат девојче.

Гласините започнале да се шират откако Меган кон почетокот на овој месец била фотографирана во јавност како се држи за стомак, а бидејќи тоа постојано го правела за време на првата бременост, јавноста заклучила дека тоа може да значи само едно. 


Според пишувањата на американскиот магазин “OK!”, војвотката од Сасекс е веќе во четвртиот месец од бременоста и чека девојче. Покрај тоа, магазинот тврди и дека кралицата ја дочекала веста со воодушевувања и е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за уште еден член.

Наводно, Меган и Хари се пресреќни.


“Отсекогаш зборуваа дека сакаат да имаат две деца со мала разлика во годините. Кога Меган дознала дека чека второ дете, само неколку месеци откако го роди Арчи, таа и Хари биле шокирани од среќа. Хари веќе го одбрал името Дијана по својата покојна мајка, а Меган потполно се сложува со тоа бидејќи знае колку таа му значела”, изјавил анонимен извор за “New Idea”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk