“Топката е само моја, има да научите како е да се игра со е*ениот Коби Брајант”

Супермен

22/11/2019

10:49

3.250

Големина на фонт

а а а

Лу Вилијамс, кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, раскажал одлична анегдота од периодот кога играл во Лејкерс со Коби Брајант.

Вилијамс го носеше златно-виолетовиот дрес во периодот од 2015 до 2017 година, односно во периодот кога Брајант беше на залез од својата кариера. 

Коби, кој е познат како голем егоцентрик, по еден дуел бил многу лут што тимот изгубил со убедлива разлика од Портланд.


“Коби ќе ми биде лут поради ова, но... кога играв во Лејкерс, Портланд нè “разби” во еден дуел и Коби дојде во соблекувалната и рече: Од сега, секој пат на теренот топката е моја. Има сите да научите како е да се игра со е*ениот Коби Брајант”, раскажал Лу Вилијамс и додал:

“Портланд нè “растури” и на Коби тоа воопшто не му се допаѓаше”.

Вилијамс ја раскажал анегдотата во подкаст кој го водат некогашните НБА кошаркари Мет Барнс и Стивен Џексон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk