Невидени сцени во Боливија: Погребна поворка нападната со солзавци и пендреци

Точка

22/11/2019

09:52

1.535

Големина на фонт

а а а

Боливиската полиција со солзавец растера голема погребна поворка која прерасна во анти-владини протести во Ла Паз.

Илјадници луѓе кои беа дел од погребната поворка на петмината убиени во судирите во вторникот биле нападнати со солзавец, а набрзо потоа се појавиле и оклопни возила. Сите биле поддржувачи на сега веќе поранешниот претседател Ево Моралес.

Додека погребната поворка минувала низ улиците на Ла Паз било видливо присуството на полицијата, а откако се зголемиле тензиите дошло и до судири, па полицијата употребила и солзавец.


„Сакаме правда“, извикуваа луѓето, обвинувајќи ја новата власт дека два дена претходно отвориле оган кон демонстрантите кои ја опколиле рафинеријата на неколку километри од Ла Паз. Властите отфрлаат било каква одговорност за убиството на демонстрантите.


„Не нападнаа со куршуми, беше крваво“, изјави 42-годишниот Руфино Копа кој учествувал во блокадата на рафинеријата која заврши со пет жртви и поголем број на повредени.

Судирот избил кога војската и полицијата се обиделе да ја ослободат рафинеријата која демонстрантите ја зазеле еден ден претходно. Во судирите загинале 8 лица, па бројката на загинати во кризата која изби после контроверзните избори во Боливија се искачи на 32 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг