Ќерката на Моралес одбила азил во Мексико: Евализ не сака да ја напушти Боливија

Точка

22/11/2019

09:24

1.227

Големина на фонт

а а а

Ќерката на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес, Евализ Моралес Алварадо, одбила да ја напушти Боливија и да оди во Мексико, соопштила вршителката на должноста министер за надворешни работи Карен Лонгарич.

Додала дека Евализ одбила политички азил во Мексико. 

"Тоа е во целост нејзина одлука. Таа има свои причини кои јас не можам да ги коментирам", рекла Лонгарич.

Привремените боливиски власти претходно и одобриле на ќерката на Моралес, која моментално се наоѓа во амбасадата во Мексико, да ја напушти земјата и да и гарантира безбедност.

Ево Моралес се наоѓа во Мексико каде добил политички азил, откако поднел оставка поради повеќенеделните протести организирани по претседателските избори на 20-ти октомври.




Спонзорирани линкови

Маркетинг