Неколку минути после пладне, а само 24 часа откако ја напуштил болницата „Сант Орсоли“, Синиша Михајловиќ се појавил во предградието на Болоња, каде што се наоѓа тренинг центарот на тој италијански клуб.
Миха по речиси еден месец се појавил на тренинг на Болоња, што посебно ги воодушевило фудбалерите на овој клуб. Миха последен пат бил со својата екипа на натпреварт против Јувентус.
„Имаше трпение да ме почекa, ми даде шанса да згрешам што е од суштинско значење за раст на една млада личност. Би сакал да му кажам што правам со Манчини“ - изјавил Рикардо Орсолини, дебитант во репрезентацијата на Италија.
THE BOSS IS 🔙 WHERE HE BELONGS ❤️💙😎#WeAreOne pic.twitter.com/XEg3K5GRBZ
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) November 21, 2019
Доаѓањето на тренингот од фудбалската екипа го овековечиле со фотографија на нивниот официјален Твитер и Инстаграм профил со порака:
„Шефот се врати каде што припаѓа“.
Миха во наредните два-три дена ќе биде покрај својот тим, но тешко е за очекување дека во недела во 12:00 часот ќе присуствува на натпреварот со Парма.
„Малку е веројатно дека ќе биде на клупата против Парма, но со Србинот сè е возможно“ - пренесуваат медиумите.