Луѓето се уверени дека синот ѝ го замениле на породувањето бидејќи е црвенокос и има сини очи, а еве ја вистината...

Точка

21/11/2019

16:16

11.376

Големина на фонт

а а а

Мајка од мешана раса тврди дека ѝ приоѓаат странци на улица и испитуваат дали нејзиниот син е заменет на породувањето.

Имено, оваа 23-годишна девојка е од мешана раса, темен тен, темни очи и коса, а нејзиниот син Лука е роден црвенокос и има сини очи.

Лука сега има 7 месеци, а неговиот татко Кристијан исто така има темна коса.

„Луѓето често гледаат во нас бидејќи сме толку различни. Неговиот татко исто така има сини очи, но физички не личи ни на мене ни за татко му“, рекла мајката Ела Гајле за „The Sun“.


„Странците често ми приоѓаат и ме прашуваат дали е заменет на пододувањето или е посвоен, но тоа не е можно бидејќи дома се породив“, додава.

Родителите ги интересирало од кого нивниот син го наследил изгледот, па почнале да истражуваат по генетиката и семејното стебло.

„Имам две црвенокоси братучетки, но тоа е единствено поврзување со Лука и неговата боја на коса и во моето и во семејството на Кристијан“, вели мајката.


Откако излегла во јавност со приказната за единствениот изглед на детето, на Лука му стигнала првата понуда за работа.

„Искрено, не ми пречи тоа што чудно го гледаат, драго ми е што се истакнува од масата, а затоа можеби ќе стане и мал модел, бидејќи првата понуда веќе е на прагот“, заклучила Ела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk