Дончиќ е вистинско чудо: Со нов трипл-дабл стана првиот кошаркар во НБА историјата со ваков учинок

Дерби

21/11/2019

13:53

1.510

Големина на фонт

а а а

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште една вонсериска партија во дресот на Далас. Неговиот тим славеше победа со 142:94, а Дончиќ се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Имено, Лука Дончиќ повторно запиша трипл-дабл со 35 поени, 11 асистенции и 10 скокови и стана првиот играч кој на два натпревари со ред остварил трипл-дабл со најмалку 35 поени по натпревар.

Дончиќ трипл-дабл учинокот го оствари веќе во третата четвртина, а ова за него е вкупно 15 ваков скор во кариерата со што е во друштвото на Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Мајкл Џордан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг