Колку да се знае „кој е кој“: Буџетот на НАТО е дури 20 пати поголем од рускиот!

Точка

21/11/2019

17:26

2.147

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот.

Столтенберг во продолжение објасни зошто Северноатлантскиот сојуз продолжува да го зголемува буџетот и трошењето, иако во споредба со Русија, НАТО троши дури 20 пати повеќе.

„Кога зборуваме за бројки, ние сме ефикасен сојуз со ефикасна армија, но висината на трошоците е голема, што го отсликува високиот животен стандард. Ако ги споредите платите и трошоците за живот помеѓу земјите членки на НАТО и Русија, очигледно е дека трошоците се поголеми во државите членки на НАТО“, изјави Јенс Столтенберг.


Како што порача првиот човек на најмоќниот воен сојуз на светот, НАТО ќе продолжи да вложува толку колку што ќе биде неопходно за одржување на воената моќ и секако, за соодветна модерна одбрана.

Говорејќи во една претходна изјава, и покрај тоа што Алијансата потрошила трилион на одбраната во 2018-та година, Столтенберг порача дека НАТО во 2020-та година планира да потроши дополнителни 100 милијарди долари и уште повеќе да го зголеми својот буџет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг