Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Макфакс

21/11/2019

11:19

2.255

Големина на фонт

а а а

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во Шуто Оризари, по информациите од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа во однос на неговата здравствена состојба.

Од извршената инспекција, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ.

Оттука велат дека од извршениот увид во медицинската документација, Јовановски првпат побарал лекарска помош на 16 јули, при што бил прегледан и му била ординирана терапија.

„Во периодот од 16 јули па до 13 ноември, за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терцијарно ниво (болнички здравствени установи). Притоа упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција“, велат од Државниот санитарен здравствен инспекторат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг