Путин предвидува распад на Европската унија: По Велика Британија и земјите од источна Европа ќе посакаат да излезат

Точка

21/11/2019

10:12

2.283

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не ја исклучил можноста за неколку години и земјите од источна Европа да почнат да размислуваат за излегување од Унијата.

Тој вели дека несогласувањата во ЕУ настанале поради начините на распределба на даноците, бидејќи голем дел од парите на напредните европски земји одат на "давање на поддршка на оние кои уште не достигнале одредено ниво на економски развој, а тоа се брои во десетици милијарди евра". 

"Некаде кон крајот на 2028-ма година некои земји од источна Европа ќе достигнат такво ниво на економски развој, кога повеќе нема да добиваат грантови и разни видови на подршка од европскиот буџет, а ќе мора да платат исто како Велика Британија. Не сум сигурен дека нема да им падне на ум истото што и на Велика Британија денес", истакнал Путин.

Тој вели дека Русија е заинтересирана за зачувување на ЕУ, бидејќи сака да има работа со партнери кои ги познава.

"Со загриженост го следиме тоа што се случува таму, бидејќи значаен дел од нашите девизни резерви се во евра. И покрај падот на трговскиот промет по разните одлуки за санкции, Европската унија останува наш најголем трговски и економски партнер. Поради тоа сме заинтересирани тоа да се одржи и ефикасно да функционира", нагласил Путин.

Тој додал дека во Русија анализираат се што се случува со ЕУ.

"Не знам дали ќе биде можно да се зачува ЕУ во нејзиниот сегашен облик, но знам дека европските лидери исто така се свесни за тоа, да размислуваат за тоа имаат разни сценарија како да ги консолидираат членките на ЕУ и да постигнат повеќе одрлживи форми на интеграција. Дали ќе успеат во таа намера или не - не знам, но во секој случај, им посакувам успех", заклучил Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг