Саудијците ја кријат принцезата: Исчезнала без траг во март, а се верува дека е во домашен притвор во Ријад

Точка

21/11/2019

09:52

1.981

Големина на фонт

а а а

Саудиската принцеза Басмах бинт Сауд бин Абдулазиз ал Сауд, угледна членка на кралското семејство на Саудиска Арабија, која се заложува за хуманитарна работа, веќе неколку месеци се води како исчезната, а сега се верува дека е во домашен притвор во Ријад без никакви обвиненија.

Извор близок на принцезата, кој сакал да остане анонимен од безбедносни причини, рекол за "Deutsche Welle" дека, иако принцезата била во контакт со семејството, таа не можела да разговара отворено бидејќи се следи нејзината комуникација. 

Принцезата Басмах долго се заложувала за уставни реформи и хуманитарни прашања во Саудиска Арабија и ширум регионот.

Имено, документите во посед на Deutsche Welle покажуваат дека принцезата Басмах имала одобрение за лет од Џеда на 18-ти декември минатата година заедно со својата ќерка поради итен медицински третман, кој го побарал нејзиниот лекар во Швајцарија.

Американскиот адвокат кој ја организирал нејзината евакуација, Леонард Бенет, рекол дека авионот на принцезата е задржан на земја, и дека не и било дозволено да излезе.

Околку два месеци после тоа, рекол Бенет, таа едноставно исчезнала од радарот, што изгледало како киднапирање. Саудиските власти од тогаш не одговараат на барањата за информации.

Принцезата би можела да биде во домашен притвор. Анонимниот извор рекол дека не знае кој го наредил нејзиното апсење, но нагласува дека тоа не било политички мотивирано апсење, и дека владејачките структури во кралството не биле упатени.

Пријателите и колегите кои исто така не сакале да бидат именувани потврдиле дека принцезата исчезнала од март, но тие истакнуваат дека владејачкото семејство мора да знае каде е таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг