Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Макфакс

20/11/2019

16:09

808

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската Унија во следните неколку години.

Путин ова го кажа пред учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и зборуваше за диспаритетот во рамките на ЕУ поради системот за распределба на средства.

„Некаде околу 2028 година некои источноевропски земји ќе достигнат ниво на економски развој по што ќе треба да плаќаат големи суми за развојни фондови. Не сум сигурен дека тогаш тие не би го повториле размислувањето на Велика Британија (напуштање на ЕУ)“, рече Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг