Силен земјотрес во Аргентина: Потрес од 5,8 степени ги исплашил граѓаните, погледнете како сè се тресело

Точка

20/11/2019

09:57

2.711

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди централна Аргентина, а уште нема информации за повредени или материјална штета.

Таа јачина на земјотресот прелиминарно ја објавил американскиот геолошки институт. 

Епицентарот бил на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Аргентинските медиуми наведуваат дека потресот најсилно се почувствувал во провинциите Сан Луис, Мендоса и Сан Хуан, а се почувствувал и во градовите Буенос Аирес и Росарио.