Скарлет Јохансон се срами поради ова свое издание: Оваа фотографија засекогаш ќе ја “прогонува“ нa интернет

Точка

19/11/2019

20:50

5.584

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите жени во Холивуд се променила многу низ текот на годините од стил па до фризура, но на овој свој изглед таа не се сеќава со радост.

Иако делува невозможно изгледот на Скарлет Јохансон (34) да биде модна катастрофа, тоа всушност се случило - според нејзино мислење.

Популарната актерка истакнува дека едно нејзино издание ја прогонува додека е жива затоа што “живее“ на интернет засекогаш.

„Една година кога бев на доделувањето на наградите “Тони“, сигурно имав 19 години или 20, сакав да имам фризура како Џин Харлоу“ - раскажала Скарлет мислејќи на наградите од 2004-та година.


Нејзината желба сепак не се исполнила.

„Изгледав како прстите да сум ги ставила во струја“ - искрено рекла актерката.

Меѓутоа, тоа не ја спречило Скарлет да експериментира во подоцнежниот дел од својата кариера. Сме ја гледале и како русокоса и како црнокоса и со кадрава коса, а исто така не штедела да експериментира и со должината на својата коса и различните стилови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг