ВИДЕО: Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Макфакс

19/11/2019

23:31

4.646

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога Апелациониот суд го прифати нејзиното барање. Таа беше покриена со качулка на главата, а од комбето до станот ја спроведоа двајца полицајци.

Јанева во истражниот затвор во Шуто Оризари беше од 21 август годинава кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“.

Таа неколкупати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Апелациониот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.


Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг