Левица: Дури и во времето на Стевчо Јакимовски, Карпош беше потранспарентна општина од денес

Макфакс

19/11/2019

15:54

369

Големина на фонт

а а а

Скапата пропаганда што ја води локалната власт предводена од Стефан Богоев претставува обид за прикривање на нетранспарентноста во работењето на Општина Карпош, велат во соопштение од политичката партија Левица.

Како што објаснуваат од таму, нивниот советник Бранко Ристов во изминатиов период поставил повеќе прашања до општината за значајни локални проблеми.

Од партијата истакнуваат дека тој побарал информации за постоењето на дефинирана стратегија за намалување на загаденоста на воздухот и извештај за работата на овластените инспектори за животна средина.

„Согласно деловникот за работа на општината, рокот за добивање одговор е десет дена. Со тоа што изминаа повеќе од два месеца од доставувањето на прашањата, јасно е дека локалната власт на СДСМ грубо ги крши општинските акти, особено кога состојбата со загаденоста на воздухот е алармантна и не смее да има ниту ден одолговлекување, а уште помалку изговори“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека дури и за време на криминалното владеење на Стевчо Јакимовски транспарентоста на општина била на повисоко ниво од сегашното.

„Тотално нетранспарентен е и начинот на носење на програмите за работа на општината. Како акти од кои зависи визијата какво место за живеење ќе биде Карпош, отсутствува какво било учество од жителите, иако градоначалникот Богоев уште мината година најави дека поголема вклученост на граѓаните и организациите.

Според Левица, владеењето на СДСМ во општина Карпош претставува рефлексија од целокупното владеење на актуелната влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг