Клајверт со искрена препорака за најголемиот талент на Барса: Нема место за него во првиот тим!

Дерби

19/11/2019

14:42

2.136

Големина на фонт

а а а

Патрик Клајверт изминатово лето се врати во Барселона со сериозна функција, бидејќи клубот му додели задача да биде одговорен за „Ла Масија“ школата на каталонскиот гигант.

Легендарниот холандски напаѓач со голем ентузијазам ја прифати понудата од Барса, а во ситуација кога го даде првото опширно интервју за својата работа за каталонските медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, Клајверт му испрати порака на најголемата ѕвезда во вториот тим на Барселона.

Рики Пуиг јавно искажа незадоволство за тоа што не добива шанса во првиот тим, по што Клајверт одлучи да реагира на местото на Валверде, порачувајќи му дека во овој момент најдобра опција за него ќе биде да отиде на позајмица во друг клуб.

– Ако погледнете какви играчи за врска имаме во првиот тим, кажете ми каде ќе игра Рики Пуиг? Со сета почит кон него, навистина е многу тешко да игра. Најдобро за Рики ќе биде да замине на позајмица и да се натпреварува на поголемо ниво, а потоа да се врати во Барса. Мислам дека Ајакс ќе биде перфектен тим за позајмица, таму ќе продолжи да напредува, – смета Клајверт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг