На денешен ден пред 14 години на „Бернабеу“ се случи глетка каква ретко се гледа: Цел стадион му аплаудираше на генијот од Барселона

Дерби

19/11/2019

14:35

4.584

Големина на фонт

а а а

Пред точно 14 години, на денешен ден Барселона славешеубедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во една од најголемите дерби пресметки во светот, „Ел Класико“.

Каталонците водени од извонредниот Роналдињо резултатски го надиграа противникот во еден доста интересен натпревар кој уште долго ќе се памети поради еден потег на публиката.

Имено, целото гледалиште на „Сантијаго Бернабеу“ со овации го испрати Роналдињо кој беше главна карика на Барселона на овој натпревар. Тоа нешто ретко, речиси никогаш не се гледа на стадионот на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

– Не сфатив веднаш дека аплаузот е за мене. Се сеќавам дека бев во соблекувалната и дека сите зборуваат за тоа, а потоа заминав да проверам на ТВ. Поради прославата на голот тоа не го разбрав во моментот. Сепак, мора да кажам дека тоа е нешто посебно и нешто што само ретки го доживеале, - изјави Роналдињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг