Касиљас со зајадлив твит за неочекуваната бура во Шпанија

Дерби

19/11/2019

11:23

1.254

Големина на фонт

а а а

Како што пренесоа шпанските медиуми, Роберт Морено со солзи во очите се простил од своите фудбалери од соблекувалната, откако по крајот на мечот со Романија, стана јасно дека веќе нема да биде селектор на шпанската фудбалска репрезентација.

Морено го наследи Луис Енрике на клупата на Шпанија и беше назначен за перманентен селектор откако популарниот „Лучо“ имаше семејна трагедија, но само неколку месеци подоцна, ќе видиме нова рокада, но во обратен правец. Првите луѓе на шпанскиот фудбал ги договориле сите детали со Енрике за враќање на селекторската позиција, а во таква ситуација, Морено отпадна од игра и нема да може да го води тимот на Европското првенство.

Поради ваквиот расплет на настаните, повредениот Морено ја откажа прес-конференција и информациите кои пристигнуваат од Шпанија велат дека многу емотивно го поднел сето ова, епилог кој не го очекуваа и самите фудбалери кои по крајот на натпреварот со Романија истакнаа дека стојат зад селекторот.

Мора да се признае дека во последно време бевме сведоци на неколку бури во Шпанија кога е во прашање селекторското место, бидејќи непосредно пред стартот на Светското првенство, Лопетеги заработи отказ од Федерацијата, по што тимот на турнирот беше воден од Иеро. Сега, повеќе од веројатно е дека Луис Енрике ќе го преземе кормилото, но целиот овој хаос го збуни и Икер Касиљас кој со ироничен и зајадлив твит ги проследи вестите кои дојдоа од Шпанија.

– Ние сме смешна држава… Да живее Шпанија, – порача Икер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг