Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Макфакс

19/11/2019

11:15

1.452

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров.

Како што информираат од МВР, во претресот на домот на 25-годишниот Д.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага со остатоци од прашеста материја и куршуми од непознат калибар.

При претресот во куќата бил затекнат и 32-годишниот В.Т., кој исто така бил уапсен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг