Владее со една од најсиромашните држави, а сега купил 19 Ролс-Ројс автомобили за себе и своите сопруги

Супермен

19/11/2019

22:01

17.874

Големина на фонт

а а а

Кралот одлучил себе и своите сопруги да ги почести со нови Ролс-Ројс автомобили, а на поширокото семејство и поданици им подарил БМВ.

И тоа би била сосема обична вест доколку не стануваше збор за кралот Мсвати Трети, владетел на Свазиленд, една од најсиромашните држави на светот во која откако се ослободила од статусот на колонија, владее сиромаштија. 

Кралот владее со држава во која 63 отсто од населението е сиромашно, а повеќе од половина се заразени со ХИВ. Единствената работа која се променила во претходните години е името на државата, која кралот со својата одлука ја преименувал во еСватини што во превод значи “земја Свази”. Тој ова го обелодени на прославата на 50-годишнината од постоењето на оваа мала држава во Африка.

И во таквата земја каде половина од буџетот го добива кралското семејство, дошло време за обнова на возниот парк. Мсвати Трети за себе и своите сопруги купил нови Ролс-Ројс автомобили. Моментално има 15 сопруги, но набавил 19 примероци за да “има за резерва” доколку се ожени со уште некоја убавица.

Купувањето го проширил и со 120 БМВ автомобили, кои автомобилската компанија експресно ги доставила уште минатиот четврток. И да, не е важно кој купува туку како плаќа.

За потсетување, станува збор за еден од најбогатите монарси на светот со имот вреден над 200 милиони долари. За пример, само минатата година се почестил со приватен авион, вреден 13,2 милиони долари, а во својата гаража има 20 автомобили од С класата, Ролс-Ројс и понекој модел на БМВ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk