Голем исчекор во истрагата на бруталната ликвидација која ја потресе Европа: Конечно е уапсен клучниот човек?

Точка

19/11/2019

11:11

3.474

Големина на фонт

а а а

Лицето осомничено за посредување во убиството на познатата новинарка која се занимаваше со истражување на корупција, Дафне Каруана Галиција е уапсен, објавија денес полициски извори.

Се верува дека посредникот го поврзал нарачателот на убиството со лицата кои се обвинети за извршување на убиството, како и со тие кои што ја набавиле експлозивната направа која била искористена во бруталната ликвидација.

Весникот “Times of Malta” пренесува дека малтешката влада размислува за помилување на уапсеното лице, доколку посредникот открие кој е нарачателот на убиството на истражувачката новинарка.

Истиот медиум открива дека експертите од Европол, европската полициска организација, исто така учествувале во прибирањето на доказите кои што биле во посед на посредникот помеѓу нарачателите и извршителите на убиството.


Каруана Галиција, која се занимаваше со истражувачко новинарство и откриваше корупциски скандали, беше убиена со експлозивна направа во автомобилот во моментот кога го напуштала својот дом во близина на главниот град Валета во октомври 2017-та година.

Убиството ја шокираше Европа и го стави под знак прашалник владеењето на законот на овој медитерански остров.

Три лица за кои постои сомнеж дека го сториле убиството беа уапсени уште во декември непосредно послее ликвидацијата. Премиерот Џозеф Мускат изјави во неделата дека ја сака целата вистина за тоа убиство, па дури и тоа да значи дека владата ќе мора да донесе некои тешки одлуки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг