Лансирана е апликација која им овозможува на корисниците да пеат како Фреди Меркјури

Точка

18/11/2019

21:51

2.021

Големина на фонт

а а а

Групата „Queen“ објавила апликација преку која обожавателите на легендарниот бенд ќе можат да го споредат својот глас со гласот на Фреди Меркјури.

Како што пренесува „NME“, апликацијата под името „FreddieMeter“, на корисниците ќе им покажува колку нивниот глас е сличен со гласот на Фреди, со помош на мерење на висината, бојата на гласот и мелодичноста, и ќе ги оценува од 0-100.

На располагање ќе има 4 песни: „Bohemian Rhapsody“, „Don’t stop me now”, „Somebody to love” и “We are the champions“, а корисниците ќе можат и да ги повикаат пријателите да го пробаат истото.

Апликацијата, која ја развија Google Creative Lab и Google Researchе, направена е така што е излолиран вокалот на Меркјури, како и верзијата каде што разни луѓе се обидуваат да го имитираат. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг