Новото истражување тврди дека мажите не созреваат до својата 40-та година

Супермен

18/11/2019

11:47

1.164

Големина на фонт

а а а

Веројатно многу пати сте слушнале како мажите, дури и кога се возрасни, продолжуваат да се однесуваат како деца.

Многумина исто така веруваат дека во машко-женските односи, жените се оние кои преземаат одговорност и се однесуваат позрело, а едно кратко истражување од Оксфорд има одлично објаснување за тоа. 

Истражувањето објавено на универзитетот во Оксфорд се занимавало со проучување на разликите во зрелоста во развојот на мажите и жените. Научниците ги споредиле резултатите и извекле заклучоци за можните разлики.


Целта на истражувањето било да се открие кои функции на мозокот се менуваат во текот на процесот на созревање, а кои остануваат исти. Се користела магнетна резонанца за да се прегледаат активностите на мозокот на 121 учесник во доба од 4 до 40 години. 

Резултатите покажале дека, иако мозоците на мажите имаат ист потенцијал за функционирање во секојдневниот живот, тие многу често покажуваат одредено одлагање во долгорочниот развој на функционалните мрежи во споредба со жените. Тоа може да трае околу 40 години, се наведува во резултатите. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека жените порано покажуваат влошување на овие функционални мрежи. 

Професорот Едуардо Каликсто од мексичкиот “UNAM” објаснил дека, иако мажите имаат поголем мозок, жените често покажуваат подобра ефективност и се поостри во неколку аспекти. Додал дека тоа се случува поради хормоналните разлики.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk