Снежен хаос во Франција: Едно лице загинало, патиштата блокирани, училиштата затворени! 200.000 домаќинства без струја

Точка

16/11/2019

15:12

3.421

Големина на фонт

а а а

Околу 200.000 домаќинства во Франција останале без електрична енергија по силните снежни врнежи во регионот Рона-Алпи и еден возач загинал при пад на стебло.

Сообраќајот е отежнат на неколку друмски и железнички правци. 

Состојбата постепено се поправа, но во 20 часот по средноевропско време и натаму 190.000 домови биле без струја.

Затворањето на патиштата дополнително ја отежнало задачата за повеќе од 2.000 мобилизирани техничари.

Најлошо било во департманот Дром каде продавниците биле затворени, а настава во училиштата не се предвидува ни за понеделник. Префектурата на департманот на располагање ставила 300 прифатилишта.

Повеќе од 10.000 клиенти на телефонскиот оператор "Orange" не можеле да ги користат фиксните телефони, а околу 50.000 корисници останале без интернет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг