Жените се чувствуваат најдобро во оваа доба: Еве кога имаат најголема желба за секс!

Супермен

15/11/2019

21:36

6.270

Големина на фонт

а а а

Истражувањето покажало дека жените во 34-та година се чувствуваат најмногу привлечно, но и дека средновечните жени имаат секс двојно помалку во споредба со периодот кога биле млади.

Меѓутоа, 65 отсто од нив рекле дека после 30-та година уживаат во сексот многу повеќе отколку кога биле млади.


Исто така, се покажало дека жените во период од 45 до 60 години водат љубов четири ипол пати месечно, што е двојно помалку во споредба со тоа кога биле во 20-те и 30-те години, бидејќи тогаш имале сексуални односи 10 ипол пати месечно.

Тоа докажува дека на жените им е поважен квалитетот отколку квантитетот. На прашањето кога се чувствувале најсексапилно, одговорот бил; „На 34 години.“

Женските сексуални потреби, либидото и животниот стил се менуваат со времето, но нема причина поради која не можат да уживаат во исполнет сексуален живот во средовечните години, но и во староста.


Фактот дека речиси половина од анкетираните жени кои имаат повеќе од 40 години признале дека сега уживаат во сексот многу повеќе отколку кога имале 20 или 30 години, зборува за тоа дека жените колку што се постари - толку поголема самодоверба имаат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk