“Играте против банда глувци!“ - протече снимка од засрамувачкиот мотивациски говор на Реал пред натпреварот со Барселона

Точка

15/11/2019

18:55

3.245

Големина на фонт

а а а

Реал во дербито на осмото коло на Евролигата ја совлада Барселона со 86:76, но по таа средба протече снимка која убаво ја “здрма“ јавноста во Шпанија.

Познато е големото ривалство на шпанските клубови кои речиси во сите спортови имаат претставници кои водат борба за титула.

Очигледно дека мотивацијата поголема од борбата за титула на Пиринејскиот полуостров не е потребна, но некои луѓе најмногу од сè сакаат омраза.

Тоа е случај со тренерот на Реал кој имал говор кој е очаен, непристоен и понижувачки за ривалот.

„Ве чека натпревар против најголемата банда глувци во Евролигата“ - врискал со цела сила.

За тука да не запре скандалот се потрудил и снимателот од клубската телевизија на Реал кој сето тоа го засведочил во видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг