Трипл-дабл на Дончиќ во „Медисон Сквер Гарден“, Џорџ дебитираше за Клиперс

Дерби

15/11/2019

15:42

1.460

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ и Пол Џорџ имаа одлични индивидуални партии, но нивните екипи претрпеа порази на мечевите во НБА лигата.

Младиот Словенец испука нов трипл-дабл и тоа во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк Никс, меѓутоа тој негов учинок од 33 поени, 10 скокови, 11 асистенции како и оној на Порзингис од 20 поени и 11 скокови не беа доволни за поволен резултат против домашниот тим кој славеше со 106-103.

Морис даде 20 поени, Рендл имаше 17 кошеви со 10 скокови, а одличен кај победникот беше и резервистот Робинсон со 16 поени 8 скокови.

Пол Џорџ ја надмина повредата и дебитираше за ЛА Клиперс, меѓутоа неговиот прв официјален меч во новата средина го расипа Њу Орлеанс кој на домаше терен се избори за триумф од 132-127.

Залудни беа 33 поени на Џорџ затоа што на спротивната страна имаше играч кој беше подобар од него, плејмејкерот Холидеј со 36 поени, 4 скокови, 7 асистенции, 6 украдени топки и 1 блокада. За „пеликаните“ ова беше само трет сезонски триумф, додека Клипер го претрпе петтиот пораз, втор во низа.

НБА резултати:

Кливленд – Мајами 97:108

Милвоки – Чикаго 124:115

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 132:127

Њујорк – Далас 106:103

Феникс – Атланта 128:112

Денвер – Бруклон 101:93



Спонзорирани линкови

Маркетинг