Новинарот Цветановски за вчерашниот напад: Без причина тројца новинари нападнати среде Скопје

Нетпрес

14/11/2019

17:14

1.600

Големина на фонт

а а а

Сè се случи со молскавична брзина, немаше ниту причина ниту провокација, јас и двајцата колеги сите со над 20 годишно искуство во новинарството, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски беа со мене и поминавме убава вечер, а потоа продолживме накај дома и на улицата влета една кола од која излегоа неколку луѓе и скокнаа врз нас, со овие зборови новинарот Љупчо Цветановски денеска сведочи пред камерата на КУРИР во врска со нивниот напад од непознати лица кој се случил без никаква причина вчеравечер во скопско Влае по излегување од кафеаната „Александрија“.

- Буквално еден од напаѓачите скокаше преку мене, бидејќи јас таму сум домаќин и тоа е мое маало и велеше со извинение „Ти ли на мене ќе ми пцуеш мајка вчера?“ Овие зборови беа наменети за мојот колега одзади, а луѓето кои беа со мене не живеат во тоа маало, но тој упорно почна да скока. Се обидов да смирам ситуација, кажав дека сум новинар, кажав дека и колегите се, наеднаш од тие двајца што беа првичните во „БМВ 5“, се паркираше уште една кола, излегоа уште тројца, а потоа се појавија уште двајца. Не сакам да преудицирам, се се случи и ситуацијата беше симптоматична и се случи на брзина, раскажува Цветановски.

Тој додава дека напаѓачите физички се обиделе да се пресметаат со нив и дел од новинарите завршиле со тупаници.

- Како што започна прикаската, така и заврши, луѓето влегоа во колите и ги снема, вели Цветановски.

Додава дека случајот е пријавен во полиција, но во тој момент не успеал да ја запамети регистрацијата за да им го олесни расветлувањето на случајот на полицијата.

Новинарите се честа мета на напаѓања

Цветановски како долгогодишен новинар вели дека новинарите се честа мета на напаѓања,

- Јас сум бил нападнат и во Кондово, Арачиново, дури и во Кавадарци снимајќи анкети, но сето тоа било во рамки на работа, додека вчерашниот инцидент беше тотално без причина. Во денешно време, еве Саше Димовски пред неколку дена, а претходно имаше икс и икс случаи каде новинарите беа напаѓани. Јас не сакам да преудицирам дека тука има некакви политички мотиви, напротив гледаме и некои колеги денеска напишаа наслови „Вистината за нападнатите“, дали тука има врска или од друга страна политички мотиви или дека сме новинари? Па и да сме обични граѓани, како и што сме, нас не нападнаа седум луѓе среде Скопје без никаква причина и тоа е малку извртување на приказната, вели Цветановски.

На крајот вели дека тие како граѓани на оваа земја биле нападнати без никаква причина и тоа било страшно.

Инаку ова не е прв случај на нападнати граѓани без никаква причина, особено новинари. Годинава беше нападната и новинарската екипа на ТВ 21 во Арачиново кога новинарите ги држеа како „заложници“ заканувајќи се да го избришат видео материјалот.

Исто така со месеци наназад новинари се на мета на власта и Основното јавно обвинителство кое ги гони истите по наредба на власта се со цел вршење притисок врз демократијата и слободата на новинарството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг