“Ме освои со неговиот шарм и харизма која ја поседува”: Александра Мијалкова искрено за кариерата и бракот со Сашо

Супермен

14/11/2019

23:45

7.832

Големина на фонт

а а а

Потекнува од уметничко семејство – нејзината мајка била балерина, а таа со балет се занимава уште од својата 9-годишна возраст.

Александра Мијалкова важи за една од најуспешните жени кај нас, а на јавноста освен по 28-годишната балетска кариера, ѝ е позната и по бракот со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. 

Таа во интервју за Бекстејџ зборувала за професионалниот, но открила детали и од приватниот живот. На прашањето со што нејзиниот сопруг успеал да ја освои, Александра вели дека “виновникот” е токму неговиот шарм:

“Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има. Излегувавме и се дружевме заедно, ми беше убаво”.


Мијалкова зборувала и за букетот и телеграмата кои Сашо ги испратил директно од Прага за да ја изненади на сцената, кога таа имала само 18 години:

“На крајот од претставата кога се поклонувавме, тој не беше тука бидејќи студираше во Прага во тоа време, јас добив букет и телеграма за кои не очекував дека се од него. Подоцна кога ја отворив телеграмата, помислив дека е од некој друг, но кога видов дека е од него, многу се израдував – тоа беше прекрасно чувство”, вели Александра.

Таа за сопругот вели дека е многу романтичен, иако не личи на таков човек:

“Таква беше неговата професија, но надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето”.

За синовите, за посветеноста на балетот, за тајната на долгата и успешна врска, погледнете од интервјуто во продолжение:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk