Најскапиот досега: Овој рачен часовник е продаден за 31 милион долари

Супермен

14/11/2019

15:04

2.516

Големина на фонт

а а а

Рачниот часовник на познатиот швајцарски произведувач “Patek Philippe” e продаден на аукција за рекордни 31 милион долари и со тоа стана најскапиот рачен часовник некогаш продаден на аукција.

Часовникот наречен “Grandmaster Chime 6300A-010” бил наменски направен за да биде продаден на аукција за добротворни цели, која во саботата била одржана во Женева. 

##https://twitter.com/iunlockinfo/status/1194202589702868992##

Двостраното куќиште е изработено од нерѓосувачки челик, додека основите на двата бројчаници се направени од 18-каратно розе и црно злато. На посветлиот бројчаник на часовникот се наоѓа натписот “Единствениот”. Ремчето на часовникот е рачно шиено и истото е изработено од алигаторска кожа.

Инаку, најскапиот часовник на “Patek Philippe” продаден на аукција досега бил модел од 2014 година, за кого купувачот платил 24 милиони долари.

Парите заработени од предметите кои, освен часовникот, биле продадени на саботната аукција во Женева, ќе бидат наменети за лекување на генетските нарушувања кои предизвикуваат прогресивна дегенерација на мускулите, пишува “CNN”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk