Стоилковски: Нападнатите новинари се познати по своите остри јазици против заевизмот

Макфакс

14/11/2019

13:12

565

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Нападот, вели тој, бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со бројна надмоќност и со закани по живот од напаѓачите.

„Зоране Заев, прибери со ги гавазите. Готов си, на 3-ти јануари си одиш, страховладата ти завршува на 12-ти април. Собери си ги рацете од медиумите и од новинарите. Паниката и стравот од анкетите не ги истурај врз нив. Тие не ти се виновни за криминалот, за корупцијата и за насилството кое што го спроведуваш. Владеење по теркот на Курто Дудуш едноставно не смее да се дозволи. Твојата осуда на ваквите инциденти не е доволна“, рече Стоилковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг