Откриена долго чувана тајна: Нарко картелот на Пабло Ескобар сакал да го ликвидира легендарниот голман на Парагвај

Супермен

13/11/2019

20:20

6.001

Големина на фонт

а а а

Физичката пресметка на легендарните фудбалери Хозе Луис Чилаверт и Фаустино Асприља го обележала дуелот помеѓу селекцијата на Парагвај и Колумбија во квалфикациите на Светското првенство во 1998-та година. Повеќе од 20 години подоцна, јавноста дознава што се случувало по тој натпревар.

Позната е трагичната смрт на Колумбиецот Андреас Ескобар, кој бил убиен по автоголот на Светското првенство во 1994-та година, но малкумина знаат дека колумбискиот нарко картел сакал да го ликвидира голманот на парагвајската селекција Хозе Луис Чилаверт.

Благодарение на реакцијата на Фаустин Асприља тоа не се случило. На сето тоа претходел натпреварот одигран на 2-ри април 1997-та година помеѓу Парагвај и Колумбија кој ги содржел сите компоненти поради кои љубителите на фудбалот ја сакаат Јужна Америка - одличен фудбал, страст, навивачки фанатизам, врелата латинска крв...

Натпреварот имал голем влог. Овие екипи играле важен дуел во квалификациите за Светското првенство во Франција 1998 година, а целата атмосфера на стадионот како да предвидувала филмски заплет.

Парагвај водел со 1-0, а кога судијата досудил пенал за Колумбија дошло до конфликт помеѓу двајца големи играчи. Прво Чилаверт го плукнал Асприља, а Колумбиецот вовратил на ударот па двајцата добиле црвени картони.

Додека излегувал од теренот, голманот на Парагвај го удрил по лицето Асприља па настанал општ хаос покрај линијата за аут, а во сето тоа се вклучила и полицијата.

Асприља во соблекувалната добил повик кој не се одбива - од другата страна на слушалката бил Хулио Фијеро, еден од блиските соработници на Пабло Ескобар кој барал од колумбискиот напаѓач да се најдат во хотел.

Разговорот течел вака:

„Штом заврши натпреварот ми заѕвони телефонот - непознат број: “Јас сум Хулио Фијеро, дојди кај мене во хотел““ - се присетил Асприља и продолжил:

„Дојди ваму, сите се пијани во друштво на Парагвајки. Ни треба твоја дозвола, другите двајца остануваат на стадионот и сакаат да го убијат дебелиот Чилаверт“.


„Како? Дали сте нормални? Тоа ќе биде крај за колумбискот фудбал. Тоа не смее да се случи. Што се случило на терен тоа таму и останува. Само ме удри, се смиривме тоа е крајот“ - ги смирувал Асприља.

Очигледно бил доволно убедлив затоа што успеал некако да го смири Фијера. Чилаверт останал жив и здрав, а телото на Фијера било пронајдено мртво во 2004-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk