Повеќето парови практикуваат секс помеѓу 23 часот навечер и 1 часот наутро. Меѓутоа, утринскиот секс ќе му даде благодет на вашето тело и душа.
Позитивна работа е и тоа што утринскиот секс поттикнува интимност и емоционална блискост на почетокот на денот, а освен тоа, го поправа расположението поради зголеменото нивно на серотонин, хормонот на среќа.
Оргазамот за време на утринскиот секс ќе го зголеми нивото на естроген во крвта, поради што доаѓа до подобрување на циркулацијата и намалување на нивото на тестостерот, што поволно делува на вашата кожа и коса.
Докажано е дека зачестениот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жените.
Утринскиот секс има заштитен ефект врз здравјето на срцето и крвните садови, особено кај мажите.
За време на утринскиот секс е најголема продукцијата на имуноглубин А, а тоа се антитела кои го штитат организмот од инфекции. Луѓето кои редовно практикуваат утрински секс, имаат и до 30 отсто поголемо ниво на имуноглубин А во крвта.